Mustafa Deveci
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) – По одлуката за нормализирање на односите потпишан е првиот договор за соработка помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Канцеларијата за односи со јавност на израелскиот премиер се наведува дека во согласност со договорот потпишан од Централната банка на ОАЕ и израелското Министерство за финансии, двете земји ќе соработуваат на банкарско и финансиско поле.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху нагласи дека првиот договор потпишан по одлуката за нормализирање на односите со ОАЕ ќе помогне во зголемување на взаемните инвестиции и соработка меѓу двете земји.
„Наскоро ќе објавиме нови договори во многу области, особено во авијацијата, туризмот и трговијата“, рече Нетанјаху.
Американскиот претседател Трамп на 13 август соопшти дека Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) постигнале договор за целосно нормализирање на односите.
ОАЕ стана третата арапска земја што има постигнато договор за нормализација на односите со Израел, по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година.