Recep Şakar
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Едно лице им подлегна на повредите во болницата во која е пренесено, откако беше повредено во напад на ајкула на островот Витсандеј, при австралиската сојузна држава Квинсленд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на полицијата во Квинсленд, 33-годишно машко лице кое од сојузната држава Викторијa дошло на одмор, било нападнато од ајкула при нуркање.
Лицето било тешко повредено во раката и ногата, а по првата помош на брегот, со хеликоптер било пренесено во болницата „Макај“.
И покрај сета интервенција, тој им подлегна на повредите.
Инаку, на истиот остров во септември се случија два напади на ајкули.
Во првиот напад, 46-годишна жена која беше повредена во ногата, беше спасена по 18-часовна операција во болница.
Во вториот напад на ајкула 12-годишно девојче ја загуби ногата.
Во рамки на преземените мерки во подрачјето по нападите, убиени се пет ајкули-тигар, а тоа предизвика реакција кај амбиенталистите.