Bayram Altuğ
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Тројца планинари загинаа во лавини за време на викендот на швајцарските Алпи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на швајцарската полиција, кон крајот на викендот се случиле три лавини. Синоќа, 39 годишен Швајцарец, кој скијал недалеку од 2.844 метри високиот врв на Хофаторн, останал заробен во лавина.
Брзо бил извлечен од страна на пријателите кои се наоѓале во близина. Меѓутоа спортистот настрадал на самото место.
Полицискиот службеник на Граубунден изјави дека го пронашле телото на планинарот кој на 23 декември скијал со девојката на Глатванг. Станува збор за 31 годишен Французин кого лавината го однела километар подалеку од местото каде што скијал.
Спасувачките екипи во сабота спасија три лица кои се наоѓале на подрачјето Сент Луку, на висина од 2.700 метри.
Во неделата почина 29 годишната државјанка на Швајцарија, една од три повредени лица. На швајцарските Алпи за девет месеци животот го загуби 91 планинар.