Elena Teslova
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, при што дискутираа за неодамнешниот договор постигнат меѓу Турција и Русија во врска со Сирија, се соопштува од Кремљ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Путин и Меркел се согласија дека имплементирањето на Договорот ќе придонесе за стабилизација во Сирија“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Според заедничката проценка, примената на одредбите од меморандумот усвоени од Русија и Турција ќе послужат во стабилизирање на состојбата во североисточна Сирија и ќе промовираат меѓусириски политички процес, вклучително и во контекст на започнувањето на работата на Уставната комисија закажано за 30 октомври оваа година во Женева“, се вели во соопштението.
Путин нагласи дека Договорот ги почитува интересите на сите страни и дека ќе работи на враќање на сирискиот суверенитет.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Претседателот Ердоган се состана со рускиот колега Владимир Путин во Сочи и постигна договор што вклучува почеток на заеднички турско-руски патроли во северна Сирија.
Анкара и Москва постигнаа договор, според кој терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат на 30 километри (18,6 милји) јужно од границата на Турција со северна Сирија во рок од 150 часа, а безбедносните сили од Турција и Русија ќе спроведат заеднички патроли таму.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.