Haydar Karaalp
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
БАГДАД
Во Багдад, главниот град на Ирак, воведен е полициски час поради протестите кои продолжуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од Командата за операции во Багдад се истакнува дека ќе биде забрането движење по улиците во главниот град во периодот 00:00 - 06:00 часот.
Нема информации за тоа кога ќе се укине полицискиот час.
Ирачаните организираат протести во различни делови од земјата поради невработеноста, корупцијата и недостигот на јавни услуги. Протестите кои започнаа на 1 октомври, по прекинот поради церемонијата на Арбаин, во петокот започнаа повторно.
На протестите, кои освен во главниот град Багдад се проширија и во централните и јужните градови од Ирак, досега животот го загубија приближно 200 лица, а околу 8.000 се ранети.