Jeyhun Aliyev
27 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Воената и техничката соработка помеѓу Русија и Туркије ќе биде дискутирана за време на состанокот на претседателите на земјите во Сочи на 5 август, рече денеска портпаролот на Кремљ.
Запрашан дали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин дискутирале за прашањето околу соработката за борбените беспилотни летала „Бајрактар“ од турско потекло, Димитриј Песков рече дека воената и техничката соработка е постојано на агендата на двете земји.
„Фактот дека интеракцијата се развива во толку чувствителна област покажува дека целата мрежа на односи е на многу високо ниво“, додаде тој.
Тој истакна дека за време на неодамнешните контакти се разговарало за воената и техничката соработка меѓу Москва и Анкара во „различни димензии“.
„Вообичаено, различни аспекти се дискутираат на секој состанок“, истакна Песков.
Посетата на Сочи беше најавена вчера од турското Претседателство, кое не даде повеќе детали за агендата.
Најавата дојде неколку дена по договорот постигнат меѓу Туркије, ОН, Русија и Украина за продолжувањето на испораките на жито од Украина. Според договорот, и турските и руските претставници, како и оние на ОН и Украина, ќе служат во специјалниот центар во Истанбул за да се координираат испораките.