Ekip
27 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
ЛА ПАЗ (АА) - Центарот за терапија со коњи во Боливија започна со работа во 2016 година за да понуди неконвенционални методи за лекување на жителите во Боливија, во кое бележи голем успех.
Центарот работи со лица со попреченост, особено со деца со аутизам.
Диего Алехандро Делгадо Каљехас, кој работи во центарот, вели дека коњите се многу сензитивни животни и дека во големи размери сочувствуваат со луѓето.
„[За време на терапијата] тие [децата и животните] спроведуваат вежби и други активности, во зависност од проблемите што ги имаат.“
„На крајот на терапијата семејството забележува дека нивните деца го надминуваат секој проблем“, вели Каљехас.

Тренерот по јавање и координатор на терапијата со коњи, Феликс Ново, вели дека коњите за терапија мораат да бидат исклучително питоми, добро тренирани и добро подготвени.
Центарот има 15 коњи кои се соодветни за користење при терапии и часови по јавање.
„Во овој момент имаме околу 15 волонтери кои наизменично се менуваат во текот на деновите. Работата во центарот без волонтерите би била многу тешка бидејќи тие се силата која ни помага и нѐ поддржува. Тие соработуваат со нас за сѐ.“