Mehmet Çetin,Murat Özünal
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
КАРАМАН (АА) - МЕХМЕТ ЧЕТИН/МУРАТ ОЗУНАЛ - Неслихан Киличоглу, која живее во турскиот град Караман и е хендикепирана, по препорака на лекарите почна да се занимава со пливање, а со својата упорност, за пет години, на различни првенства освои 14 шампионски титули во Турција, пишува Anadolu Agency (AA).
Ќерката на Узејир и Дилек Киличоглу, Неслихан, откако една година посетуваше физикална терапија на седумгодишна возраст, по препорака на лекарите почна да плива.
Благодарение на вложениот напор и поддршката на нејзиното семејство, Неслихан за кратко време ги доби симпатиите на тренерите. Таа освои 14 победи на различни шампионати на кои учествувала во Турција.
Неслихан Киличоглу својот спортски живот го продолжи во Младискиот спортски клуб „Караман“, а во разговор со АА раскажа дека на осумгодишна возраст, кога почнала да плива, забележала значаен напредок во својот физички развој.
Неслихан нагласи дека благодарение на поддршката на тренерите, за кратко време дошла до првите победи во пливањето.
- „Целта ми е да станам светски првак“
Неслихан вели дека откако постигнала успех во тренинзите, почнала да учествува на шампионатите организирани во Турција.
„Моите тренинзи ги направив поинтензивни. Потоа учествував на шампионатите организирани за лицата со посебни потреби. Откако почнав со тренинзи, на шампионатите на коишто учествував во текот на пет години, 14 пати освоив прво место во Турција, четирипати второ место и 10 пати трето место. Многу уживам во пливањето. Моите пријатели и луѓето околу мене го ценат мојот успех. Тоа ме прави горда. Целта ми е да учествувам на олимпијади и да станам светски првак“, вели Неслихан.
- „Како семејство, ја подржавме Неслихан“
Маjката на Неслихан, Дилек Киличоглу, истакна дека упорноста на нејзината ќерка ѝ донесе успех.
„Неслихан многу го сака пливањето. Како што напредуваше во спортот, така почна да освојува и титули. Нејзиниот татко постојано ја носеше на тренинзи. Кога не можеше татко ѝ, јас ја носев. Како семејство ја поддржавме Неслихан. Со својата упорност постигна успеси. Најгмногу труд вложи таа“, вели госпоѓа Киличоглу, истакнувајќи дека Неслихан со нестрпение чека да оди на пливање.
Тренерот по пливање, Азиз Хопјар, истакна дека со Неслихан се запознале пред пет години.
Хопјар нагласи дека во прво време нивната цел била Неслихан да го подобри здравјето. Тој рече дека откако почнала со тренинзите, има освоено титула на секој натпревар на којшто учествувала.
Исто така, Хопјар нагласи дека во 2014 година учествувале на Шампионатот во пливање за хендикепирани лица во Турција, и ја освоиле титулата.
„На овој шампионат освоивме второ место и трето место во Турција. За нас тоа беше голем извор на надеж. Ова беше поттик за Неслихан. Потоа секоја година учествувавме на шампионатите во пливање во земјата“, додаде Хопјар, истакнувајќи дека од ниту еден натпревар не се вратиле без освоена титула.