Servet Günerigök
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Демократскиот конгресмен Тед Лие од Калифорнија го повика потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25. Амандман за отстранување на Трамп од функцијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Почитуван потпретседателе Мајк Пенс: Треба да го активирате 25. Амандман. Доналд Трамп е одвоен од реалноста“, напиша тој на Твитер.
Тој го упати својот повик во пресрет немирите во Вашингтон, откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Капитол.
Во рамките на амандманот, во случај на отстранување на претседателот од неговата функција, негова смрт или оставка, потпретседателот треба да ја преземе функцијата претседател.
Претседателот може да биде отстранет доколку потпретседателот и мнозинството на Кабинетот одлучат дека тој или таа не е во состојба да ја извршува својата должност и своите овластувања.
Демократката Илхан Омар изјави дека Трамп треба да биде отстранет од својата функција и дека таа ги ќе ги покрене процедурите за да се постигне тоа.
„Изготвувам членови за импичмент. Доналд Трамп треба да биде отповикан од Претставничкиот дом и отстранет од својата функција од страна на американскиот Сенат. Не можеме да дозволиме да остане на својата функција, тоа е прашање на зачувување на нашата Република и исполнување на нашата заклетва“, напиша Омар на Твитер.
Претходно во текот на денот приврзаниците на Трамп извршија упад во зградата на Капитол, во моментот кога пратениците требаше да свикат заедничка сесија на Конгресот, која традиционално претставува формална работа на пребројување на гласовите на Изборниот колеџ, за официјално да се прогласи новиот претседател на САД.
На видеоснимките на социјалните мрежи е прикажано како поддржувачите ги уриваат безбедносните огради и се судираат со полицијата за да упаднат во зградата.
Една жена беше тешко ранета во текот на нередите, која подоцна им подлегна на повредите.