Michael Gabriel Hernandez
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Почина жената која беше застрелана во зградата на Капитол за време на масовните немири предизвикани од страна на приврзаниците на Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нејзината смрт беше потврдена од полицијата на Вашингтон преку телефонски повик и не се достапни други детали во врска со овој случај. Таа беше видена како медицинските лица ја изнесуваат од федералниот законодавен дом додека обилно крварела.
Претходно, во текот на денот, приврзаниците на Трамп извршија упад во зградата на Капитол, во моментот кога пратениците требаше да свикаат заедничка сесија на Конгресот, која традиционално претставува формална работа на пребројување на гласовите на Изборниот колеџ, за официјално да се прогласи новиот претседател на САД.
Хаотични сцени настанаа во Вашингтон откако приврзаниците на Трамп се судрија со полицијата, предизвикувајни дополнителен хаос, ги пробија вратите и прозорците на Капитол и дојдоа до спратот на Сенатот.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи видливо е дека припадниците на безбедносните сили посегнаа по оруже откако демонстрантите тргна кон делот на комплексот во кој се одржуваше броење на гласовите.
Според извештаите неколку полициски службеници се ранети.
Трамп неколку месеци наведуваше дека изборите, на кои од Бајден загуби за седум милиони гласови, се наместени, предизвикувајќи емоции меѓу своите приврзаници со теории на заговор кои повеќе пати се оспорени на суд. Министерството за правда не најде докази за потврда на наводите за масовна измама.