Ekip
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Конвојот за евакуација на ранетите од источниот дел на Алепо кој се наоѓа под опсада на силите на режимот и шиитските милиции пристигна до режимската област надвор од подрачјето на опсадата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на дописникот на АА за подрачјето кое е под опсада, конвојот од автобуси кој пренесува повеќе од 200 ранети, меѓу кои 50-мина се потешко повредени, пристигнал до контролната точка на режимот во населбата Рамуше.
На граничниот премин Џилвеѓозу чекаат амбулантни возила.
Со безпилотни летала се надгледува коридорот во кој напредува конвојот кој ги евакуира цивилите од Алепо.
На тој начин првиот конвој кој го напушти подрачјето на опсада пристигна до подрачјето на режимот во кој чекаат зелени автобуси.
Откако ранетите ќе бидат префрлени во зелените автобуси, конвојот 4 километри ќе биде следен од страна на режимот.
Потоа конвојот ќе тргне кон западниот дел на Алепо, од каде се планира да се упати во областа на Идлиб.
Областа Идлиб, кој е близу туската граница се наоѓа наспроти турскиот град Хатај.
- Првата евакуација беше саботирана
Шиитските милиции кои се под иранска команда, околу 9.00 часот, извршија напад со снајпери врз конвојот кој чекаше на контролната точка на режимот, во кој 4 цивили го загубија животот. По нападот, конвојот се врати назад.
Силите кои се под команда на Иран, вчера го нарушија воспоставеното примирје од страна на официјалните лица на Русија и Турција, спроведувајќи опсежна операција. Со реакција на Русија, операцијата беше стопирана во голема мерка, но до утринските часови продолжија вознемирувањатаод страна на иранските сили.
Во нападите на истокот на Алепо учествуваат околу 7 илјади припадници на милицијата и тоа, од Хезболах, од авганистанската бригада – Фатимијун,од ирачката бригада – движењето Нуџеба и од бригадата – Бекир, а нивен командант е иранскиот генерал Сејид Џевад.