Ekipa
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
ЈЕМЕН (АА) - Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија по грешка погодија место во Јемен, при што загинаа 14 цивили, додека четири цивили се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на прес-центарот при Народните сили на отпорот (HDG), поддржувачи на легитимната власт во земјата, се наведува дека коалициските сили по грешка извршиле напад во подрачјето на Мевза, во градот Таиз, при што погодено е едно возило во кое се наоѓале цивили.
Според соопштенито, воздушниот напад е извршен врз возило кое се враќало од пазарот во подрачјето на Ел Бера. Се вели дека во нападот животот го загубиле 14 цивили, додека четири цивили се повредени.
Коалициските сили сè уште не се произнесоа околу овој случај.