Hamdi Yıldız
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
ГАЗА (АА) - Поради зголемениот број на повредени Палестинци, во Газа има недостаток на медицински материјал и лекови, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Одделот за аптеки при Министерството за здравство, Мунир ел-Берш, изјави дека со зголемувањето на бројот на повредени Палестинци, во Газа се појавил недостаток на лекови и на друг медицински материјал.
„Во моментов сме во опасност да останеме без основните лекови“, рече Берш.
Тој укажа на потребата да се спаси здравствениот систем во Газа и ги повика сите меѓународни здравствени организации и асоцијации итно да им помогнат.