Ahmet Dursun
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, истакна дека во случај Соединетите Американски Држави (САД) да се повлечат од Договорот за нуклеарна програма, администрацијата на Техеран повторно ќе започне со нуклеарни активности, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зариф во интервју за американскиот ТВ-канал „Си-би-ес“ (CBS) разговараше за дискусиите кои се случуваат во САД околу Договорот за нуклеарна програма на неговата земја.
Шефот на иранската дипломатија нагласи дека во случај САД да се повлечат од Договорот за нуклеарна програма, Иран има бројни опции, и дека една од тие опции е на многу побрз начин повторно да се започне со нуклеарни активности.
„Овие опции се подготвени за спроведување, и ќе донесеме соодветни одлуки кога ќе сметаме дека тоа ќе биде соодветно. Другите земји не можат да очекуваат од нас еднострано да применуваме еден договор кој е прекршуван“, додаде Зариф.
Договорот за нуклеарна програма е потпишан на 14 јули 2015 година, по двегодишните преговори меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН: САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно соопшти дека треба повторно да се регулира овој договор со Иран, а дека во спротивно, неговата земја ќе се повлече од него. Иран е против ажурирање на овој договор.