Ali Semerci
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - За време на масовните демонстрации „Голем марш за враќање“, кои се одржаа во петокот на границата меѓу Појасот Газа и Израел, животот го загубија 4, а ранети се 729 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај интервенциите на израелските војници и употребата на прекумерна сила, Палестинците не се откажуваат од мирните протести.
Според информациите од Министерството за здравство на Газа, во текот на вчерашниот ден животот го загубија 4, а ранети се 729 Палестинци.
Хоспитализирани се 174 лица, од кои 2 се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Илјадници Палестинци на границата со Газа веќе четири петоци по ред мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата, во знак на сеќавање на 30 март 1976 година, денот кога Израел одзеде илјадници хектари палестинска земја.
Вчерашниот марш се одржа под наслов „Петок за загинати херои и за заробениците“.
Од почетокот на протестите досега загинаа 39 Палестинци, а ранети се повеќе од 3.500. Се планира, протестите да продолжат до средината на мај.
Денот на земјата во Палестина се одбележува од 1976 година, станувајќи, на некој начин, симбол на отпорот на Палестинците за враќање во својата земја, а воедно и обид да ѝ се укаже на Меѓународната заедница за потребата за заштита на правата на палестинскиот народ, основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во татковината.