Nazir Aliyev Tayfur
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
БИШКЕК
Во Киргистан поништени се резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 4 октомври, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на официјалната интернет-страница на Централната изборна комисија на оваа земја, поништени се резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври.
Оваа комисија вчера соопшти дека само 4 од 16 политички партии, што биле дел од изборите, го поминале изборниот праг од 7 отсто.
Дванаесет политички партии, коишто не успеаја да го поминат изборниот праг, не ги признаа изборните резултати.
Следбениците на опозицијата кои започнаа протести со барање да се повторат изборите, синоќа ги окупираа Претседателската палата и Парламентот.
Претседателот на Киргистан, Соронбај Џенбеков, нагласи дека ѝ препорачал на Централната изборна комисија да ги разгледа прекршувањата на законот за време на процесот во Централната изборна комисија, и доколку е потребно, да се поништат изборите.