Mehmet Tosun
05 Ноември 2024•Ажурирај: 05 Ноември 2024
БИШКЕК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес беше пречекан со официјална церемонија од киргистанскиот колега Садир Жапаров во главниот град на Киргистан, Бишкек, јавува Анадолу.

По пристигнувањето во претседателската палата, возилото на турскиот претседател беше придружувано од коњица. Беа интонирани и државните химни на двете земји.
Турскиот претседател пристигна во Киргистан вчера за да присуствува на 11. Самит на Советот на шефови на држави на Организацијата на туркиски држави.