Nezir Aliyev
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
БИШКЕК (AA) - Со различни настани Киргистан денес го одбележува Денот на независноста, јавува Anadolu Agency (AA).
По распадот на СССР, на 31 август 1991 година Киргистан прогласува независност. Централното одбележување на 28-годишнината од независноста е организирано на плоштадот „Ала-То“ во главниот град Бишкек.
На свеченоста присуствуваа претседателот на земјата, Соронбај Ченбеков, претседателот на Парламентот, Дастанбек Жумабеков, премиерот Мухамедкалиј Абилгазиев и многу други високи функционери.
Ченбеков им го честиташе празникот на граѓаните, потсетувајќи дека независноста е постигната со работата, заложбите и со солзите од претходните генерации.
Киргистан е држава во Средна Азија без излез на море. Граничи со Казахстан, Кина, Таџикистан и Узбекистан.