Ekipa
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
МОСКВА (АА) - Заменик-премиерот на Киргистан, Жениш Разаков, изјави дека бомбаш-самоубиец со автомобил извршил напад врз амбасадата на Кина во Бишкек, главниот град на Киргистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил на влезот на објектот, а повредени се тројца вработени во амбасадата.
Според информациите на одредени медиуми, кои не се потврдени, едно лице загинало. Од зградата евакуирани се вработените, како и ваботените од Американската Амбасада која се наоѓа во близина.
Киргистанските безбедносни служби отворија истрага.
Локалната новинска агенција "AKIpress" нападот го окарактеризира како „терористички”.