Ali Cura
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
КИЕВ (АА) - Руската амбасада во Киев, Украина, од рано изутрина ги отвори своите врати за гласањето за избор на пратеници во руската Дума - Долниот дом на рускиот Парламент, јавуа Anadolu Agency.
Групата којашто протестираше против изборниот процес пред амбасадата се обиде да ги помине барикадите поставени околу амбасадата. По повод протестот изби судир меѓу групата и безбедносните сили. Едно лице, руски државјанин, истакна дека кога отишол во амбасадата да гласа бил вознемируван од страна на еден демонстрант. Безбедносните сили приведоа двајца демонстранти. Беа зголемени безбедносните мерки околу амбасадата поради тенденцијата на групата за попречување на граѓаните да го остварат своето право на глас и поради зголемените активности на групата.
Потврдено е дека утринава во Конзулатот на Русија во Одеса избил мал судир меѓу безбедносните сили и една група, поради обидот на групата да ги спречи руските државјани да влезат во објектот за да гласаат. Во настанот се приведени тројца демонстранти. Беше соопштено дека од страна на безбедносните сили ситуацијата во Конзулатот во Одеса е ставена под конторла и дека изборниот процес продолжува непречено.
Се соопшти дека во Генералните конзулати на Русија во Храков и Лавов изборниот процес за пратеници во руската Дума се одвива непречено.
Пред почеток на изборите од Министерството на надворешни работи на Украина беше соопштено дека во дипломатските претставништа во Украина и Крим нема да се организираат избори за пратеници во руската Дума.
- „Изборите се нелегитимни“ -
Во меѓувреме Министерството на надворешни работи на Украина реагираше на организирањето избори за руската Дума во Севастопол и Крим.
Во својата изјава портпаролот на Министерството, Мариана Бетса, рече дека овие избори покажуваат дека Русија продолжува со агресијата. Бетса, којашто потенцираше дека Крим е на Украина рече: „Овие избори се нелегитимни, ги нарушуваат меѓународните закони, договорот на ОН, украинските закони, територијалниот интегритет на Украина и одлуката на Генералното собрание на ОН донесена на 27 март 2014 година за повторно одобрување на меѓународната граница.
Покрај тоа, Бетса го повика светот да не ги признае изборите за пратеници во руската Дума и заедно со ова да ги зголеми cанкциите.