?????
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
КАРАЧИ (АА) - Бомбаш-самоубиец се разнесе во пакистанскиот град Квета убивајќи најмалку 8 лица, ранувајќи 40, соопштија локални официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичната полициска истрага, бомбашот-самоубиец удрил со велосипед, натоварен со експлозив, во возило на обезбедувањето на прометна улица во градот Квета, главниот град на југозападната пакистанска провинција Белуџистан.
Шефот на провинциската полиција, Ахсан Махбуб, изјави за новинарите дека во експлозијата биле употребени 10 килограми експлозивен материјал.
Според медицински извори, бројот на загинати може да се зголеми бидејќи неколкумина од повредените, жени и деца, се во критична состојба.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но самоубиствените напади се главна тактика на талибанците во нивната борба против пакистанските безбедносни сили.
Пакистанскиот премиер, Наваз Шериф, го осуди нападот нагласувајќи дека операциите на безбедносните сили ќе траат „сè додека не се елиминира и последниот терорист”.