Muhammed Enes Can
20 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Бомбашот самоубиец кој го изведе вчерашниот терористички напад во центарот на Истанбул идентификуван е како Мехмет Озтурк, државјанин на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за форензичка медицина изврши анализа на крвта и ДНК примерок на бомашот самоубиец кој вчера го изведе нападот во истанбулскиот кварт Бејоглу и уби најмалку четири, а рани 39 лица.
Со анализа на примероци од ДНК земени од најблиските сродници утврдено е дека нападот го изведе турскиот државјанин Мехмет Озтурк.
Бомбашот самоубиец вчера во 11 часот по локално време го активираше ексползивот на себе во истанбулската улица Истиклал.
Во таа прилика се убиени четири а ранети 39 лица, меѓу кои беа и 24 странски државјани.
Истрагата за терористичкиот напад е во тек, а досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.