Erbil Başay
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Заклучно со 1 јули оваа година, во Германија речиси 9.000 деца мигранти се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на податоците на Федералниот оддел за борба против криминал (БКА), германскиот весник “Neue Osnabrucker Zeitung“ јавува дека заклучно со 1-ви јули оваа година во Германија како изчезнати се водат речиси 8.991 малолетен мигрант.
Заклучно со 1 јануари оваа година, на листата на исчезнати малолетни мигранти имаше 4,749 имиња.
Меѓу исчезнатите, се водат мигранти на воздраст од 13 до 17 години, а речиси 900 исчезнати мигрантски деца се на возраст под 13 години.
Канцеларијата на Федералниот оддел за борба против криминал, соопшти дека малолетните мигранти „ паднале во рацете на криминалните групи ”, но дека имаат сознанија дека поголем дел од тие деца се обидуваат да дојдат до роднините во другите германски градови или другите европски држави.
Од надлежната Канцеларија, во врска со зголемениот број на исчезнатите малолетни мигранти, исто така е соопштено дека голем број од децата стигнале до роднините во градовите надвор од тие во кои се пријавени по доаѓањето во Германија, но дека роднините за тоа не ги известиле надлежните органи, а во повеќето случаеви повторно се пријавени како прв пат да стигнале во тие земји, со што нивните имиња не се тргнати од претходните листи.