Çiğdem Alyanak
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Управата на авиокомпанијата АЦТ соопшти дека 37 лица загинаа при уривањето на транспортниот авион, кој летал од Хонг Конг кон Бишкек, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се истакнува дека авионот „боинг 747-400“ се урна во населена област, додека летал кон аеродромот „Манас“ во Киргистан.
Сѐ уште не се познати и утврдени информациите за тоа како се случила несреќата.
Од управата се истакнува дека техничкиот тим тргнал на местото на несреќата, каде што веќе се наоѓаат надлежните од компанијата и од аеродромот.
По товарењето на стоката и извршените контроли, авионот што требало да лета до Бишкек полетал од Хонг Конг, а за време на патувањето немал никакви проблеми. Екипажот пред патувањето во Хонг Конг се одмарал 69 часа, а потоа тргнал на шестчасовното патување.
Тежината на товарот изнесувала 85.618 килограми, а во евиденцијата не е забележан никаков дефект.
„Боинг 747-400“ има капацитет за транспорт на вкупно 116.462 килограми, а од крајот на 2015 година е дел од флотата на „АЦТ ерлајнс“.
Во соопштението на компанијата се посочува дека авионот бил подложен на проверка, како што е процедурата со сите авиони.
„Тимот што го изгубивме, многу години успешно ја извршуваше својата работа. Беше искусен и професионален тим“, се вели во соопштението.