Onur Usta
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Донесениот заклучок од мировната конференција за Блискиот Исток, одржана во Париз, е тоа дека преговорите на двете земји се единствениот начин за постигнување траен мир, кога станува збор за палестинско-израелските односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкиот документ објавен по конференцијата се истакнува дека е потребно праведно, трајно и сеопфатно решение на израелско-палестинското прашање.
Преговорите на двете земји се единствениот начин на кој е можно да се дојде до траен мир на тоа подрачје, при што е потребно да се исполнат одредени барања од двете страни.
Се истакнува дека е потребно по пат на дијалог да се ѝ даде право Палестина да биде држава и право на суверенитет, и дека треба да се заврши израелската окупација којашто започна во 1967 година.
Освен тоа, нагласено е и дека ќе биде дадена поддршка за овие чекори кога станува збор за јакнење на институциите во Палестина.
Истакната е и улогата на општествените заедници во Израел и во Палестина, кога станува збор за развој на дијалогот меѓу двете страни.
„Неопходно е да потсетиме што е основата за преговорите, а тоа се границите од 1967 година, како и резолуцијата на ОН“, изјави министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марк Еро на крајот од конференцијата, алудирајќи на текстовите во кои се повикува Израел да се повлече од територијата што окупираше во шестдневната војна во 1967 година и додаде дека го поддржуваат започнувањето на преговорите.