Yusuf Özcan
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ПАРИЗ (АА) – Авенијата Шанзелизе или Елисејски Полиња, симболот на Париз, главниот град на Франција, во сабота ќе биде затворена за сообраќај поради протестите организирани против зголемувањето на цените на течните горива, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристоф Кастанер, францускиот министер за внатрешни работи, во изјавата дадена за радиото „France 3“ истакна дека Авенијата Шанзелизе во сабота ќе биде затворена за сообраќај поради протестите на „Движењето на жолтите елеци“ против зголемувањето на цените на течните горива.
Министерот Кастанер исто така изјави дека освен преземени опсежни безбедносни мерки на улицата, ќе се врши и контрола на идентитетот.
Активистите организирани под името „Жолти елеци“ веќе 10 дена организираат протести низ целата земја поради зголемувањето на течните горива за повеќе од 20 проценти во текот на една година.
На протестите досега се оштетени голем дел деловни објекти што се наоѓаат на познатите авении во Париз, а на целата територија на Франција, под блокада се влезовите и излезите на магацините (резервоарите) за течни горива.
Поради протестите Ајфеловата кула минатата сабота беше затворена за посетителите. На протестите впечаток остави грубата интервенција на полицијата врз демонстрантите.
Поради инцидентите на протестите што се оддржуваат низ целата земја, две лица го загубија животот, повредени се 780 лица од кои 141 припаѓаат на безбедносните структури. Приведени се 794 лица, додека 9 лица се осудени на затворска казна.