Muhammet Tarhan
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
АНКАРА/ВУШИ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се сретна со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на својот твитер-профил соопшти дека со својот кинески колега Ванг се сретнал во кинескиот град Вуши, во близина на Шангај.
„Со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, разговаравме за нашите билатерални односи и регионални прашања. Ги оценивме можностите за економска соработка. Ги пренесовме нашите ставови, очекувања и чувствителност во однос на прашањата од нашата агенда, особено за туркиската заедница Ујгури“, нагласи Чавушоглу.