свет

Британскиот премиер Џонсон се извини поради забавата во „Даунинг стрит“ за време на карантин

„Доволно сфатив дека има работи што едноставно не ги разбираме како што треба“, изјави Џонсон

Ahmet Gürhan Kartal  | 12.01.2022 - Обновена : 13.01.2022
Британскиот премиер Џонсон се извини поради забавата во „Даунинг стрит“ за време на карантин

ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска од сè срце се извини поради забавата која се одржа на „Даунинг стрит“ за време на првиот карантин во Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сакам да се извинам“, рече Џонсон во кратката изјава кога започна неделната сесија за прашања во Долниот дом.

„Знам дека милиони луѓе низ земјата дадоа огромна жртва во последните 18 месеци“, рече тој.

„Ја знам маката низ која поминаа, не можејќи да ги оплакуваат своите роднини, не можејќи да ги живеат своите животи како сакаат или да ги прават работите што ги сакаат.“

Џонсон рече: „И знам дека чувствуваат бес кон мене и кон Владата која ја предводам, кога мислат дека во самата „Даунинг стрит“ правилата не се почитуваат соодветно од луѓето кои ги донесуваат правилата.“

„И иако не можам да ги предвидам заклучоците од тековната истрага, научив доволно за да знам дека има работи, што, едноставно, не ги сфативме како што треба.“

„Од сè срце се извинувам“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.