İdris Sülün
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Во Софија, главниот град на Бугарија, избувна судир помеѓу полицијата и граѓаните кои протестираа поради мерките воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „БНН Блумберг“, стотици луѓе пред зградата на Парламентот во главниот град Софија протестирале против мерките кои вклучуваат покажување картичка со потврда за вакцинација или доказ дека го прележале вирусот.
Соопштено е дека четворица полицајци се повредени додека се обидувале да ги спречат демонстрантите да влезат во Парламентот.
Наведено е дека пред почетокот на настаните приведен е еден демонстрант.