Fuat Kabakcı
13 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина на сила е жолт аларм поради загадувањето на воздухот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Метеоролошкиот центар во Пекинг наведуваат дека жолтиот аларм е издаден за Пекинг. Се очекува големото загадување на воздухот да трае до 15 ноември.
Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не излегуваат од своите домови без голема потреба. Тие, исто така, повикаа да се прекинат градежните активности во градот, во периодите кога загаденоста на воздухот е поизразена.
Поради загадувањето на воздухот во Кина на сила се четири алармни нивоа, сино, жолто, портокалово и црвено. Повеќето кинески градови се вбројуваат меѓу најзагадените градови во светот.
Во Кина во последните неколку години се преземени многу мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Формирани се тимови за надзор, зголемени се казните за компаниите кои предизвикуваат загадување, а привремено се прекинуваат и градежните работи.
Со проблемот на загадувањето на воздухот и животната средина земјата се соочува од 2014 година. Повеќето големи градови во Кина, кои го плаќаат цехот на брзиот развој и урбанизацијата, во исто време се најзагадените градови во светот.
Во најмногубројната земја на светот, од заболувања предизвикани од загаденоста на воздухот, годишно умираат околу 1.600.000 луѓе.