Dildar Baykan
13 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) – По убиството на новинарот Џамал Кашоги се тврди дека едно лице од тимот за атентат, составен од 15 лица, веднаш по убиството, во телефонскиот разговор, алудирајќи на саудискиот принц Мухамед бин Селман, рекол: „Кажете му на вашиот шеф, луѓето си ја завршија работата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (The New York Times) наведе нови тврдења во врска со убиството на Џамал Кашоги, за кое снимките се во Турција, и за кои се вели дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги споделил со некои земји.
Според весникот, Махир Абдулазиз Мутреб, припадник на безбедносните сили на Саудиска Арабија и придружник на престолонаследникот Мохамед при значајни патувања во странство, кој исто така бил во тимот од 15 члена кои допатувале во Истанбул кратко по убиството, имал телефонски разговор на арапски јазик.
Мутреб во телефонскиот разговор, без да спомене име, рекол: „Кажете му на вашиот шеф, луѓето си ја завршија работата.“
- „Не може да биде непобитен доказ“
Во веста пишува дека турските разузнавачки претставници на американските разузнавачки лица им посочиле дека се уверени во тоа дека во телефонскиот разговор со зборот „шеф“ се алудирало на саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Селман, и дека веруваат оти Мутреб разговарал со еден од помошниците на престолонаследникот.
Турските одговорни лица истакнуваат дека во аудиоснимката не се зборува конкретно за принцот Мохамед, а американските разузунавачи го привлекоа вниманието, велејќи дека снимката „не може да биде непобитен доказ“ за врската на саудискиот престолонаследник и убиството на Кашоги.
- Негирање од Саудиска Арабија
Во изјавата на Саудиска Арабија во врска со аудиоснимките, се истакнува дека Мохамед бин Селман не знаел за убиството. Во однос на зборовите „Кажете му на вашиот шеф“, саудиските власти нагласија: „Турција им ги пушти аудиоснимките на нашите разузнавачки служби, но во моментот, споменатиот дел не е забележан на снимките.“
Во веста, исто така се укажува дека аудиоснимките ќе го зголемат притисокот врз Доналд Трамп, кој е во блиски односи со Бин Селман. Директорката на ЦИА, Гина Хаспел, и другите одговорни лица од разузнавањето, минатиот месец, при посетата на Турција ги преслушале аудиоснимките, а неделава ќе го известат Конгресот во врска со истрагата на Кашоги.
Во веста се пренесува и ставот на пратеникот на демократите, Адам Шиф. Се очекува тој, во новиот период на Конгресот на САД да биде претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. Адам Шиф, истакнувајќи дека е многу тешко разузнавачките власти да покажат докази за директна врска на саудискиот принц, рече: „Не би било реално да очекуваме лицата кои го извршиле убиството отворено да зборуваат за тоа од кого земале наредба и со кого се во врска.“
Шиф истакна дека недостигот на директни докази не треба да ги наведе разузнавачките служби да размислуваат во насока дека Мохамед бин Селман нема одговорност. Шиф вети дека штом ќе стане претседател на Комитетот за разузнавање, ќе го испита убиството на Кашоги и активностите на Саудиска Арабија на Блискиот Исток.