Adham Kako
13 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Асадовиот режим во Сирија не се откажува од напорите за запленување на имотот на милиони бегалци кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради војната.
Режимот направи површински регулативи во врска со Законот број 10 донесен во април, кој овозможува запленување на недвижностите на милиони раселени лица кои не можат да влегуваат во земјата.
Врз основа на овој закон со кој Асад беше изложен на притисоците на меѓународната јавност, сопствениците на недвижностите во подрачјата кои се под контрола на режимот, во рок од 30 дена требаше да ги поднесат нивните тапии за декларирање на сопственоста.
Но режимот направи некои површински регулативи, со цел да се скрши притисокот на меѓународната заедница по донесениот закон, како и да не остане неупотреблив.
Според веста на новинската агенција на режимот, САНА, Башар ал Асад во неделата ја потпишал одлуката која предвидува измени во одредени членови на Законот број 10.
Организацијата „Хјуман рајтс вотч“ (Human Rights Watch HRW) во студија минатиот месец соопшти дека режимот го запленил имотот на цивилите кои ги расели со Законот број 10 и им забранил пристап.
Во соопштението на „Хјуман рајтс вотч“ се вели дека режимот на незаконски начин го спречува враќањето на раселените цивили на нивните имоти.
- Законот број 10 -
Асадовиот режим во април донесе закон со кој се овозможува запленување на недвижностите на милиони раселени Сиријци.
Според овој закон, познат како Закон број 10, сопствениците на недвижностите можеа да им дадат полномошно на своите блиски во случај да не можат самите лично да ги поднесат своите тапии до надлежните.
Иако режимот на овој начин покажуваше дека им овозможил шанса на цивилите да ја заштитат својата сопственост, вистинската цел беше да им ги заплени напуштените куќи, деловните простории, како и другите недвижности на лицата кои ги смета за непријатели.
Сопствениците на недвижностите во населените места во кои не остана никој кој ќе поднесе изјава за сопственост поради присилните евакуации, немаат ниту еден близок на кого ќе можат да му дадат полномошно.
Не е возможно ниту Сиријците кои биле принудени да мигрираат во странство или да се раселат на друго место во земјата, да добијат или поднесат некој документ во некоја институција во земјата која веќе 7 години се наоѓа во граѓанска војна.
Режимот има за цел недвижностите на раселените лица да ги остави без сопственик.
На овој начин, со едно ново административно структурирање ќе се заплени сопственоста на цивилите кои биле присилно мигрирани.