свет

Нетанјаху го свика Кабинетот за безбедност

Под претседателство на израелскиот премиер, на состанокот на Кабинетот за безбедност би требало да бидат разгледани чекорите што Израел ќе ги преземе по настанатите тензии во Газа

Mustafa Deveci  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Нетанјаху го свика Кабинетот за безбедност

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го свика Кабинетот за безбедност, со цел да се даде проценка за последните случувања во Појасот Газа кој е под израелска блокада, јавува Anadolu Agency (AA).

Под претседателство на израелскиот премиер, на состанокот на Кабинетот за безбедност би требало да бидат разгледани чекорите што Израел ќе ги преземе по настанатите тензии во Газа.

Во седиштето на израелската Армија во главниот град Тел Авив се собраа израелскиот министер за одбрана, Авигор Либерман, началникот на Генералштабот на израелската Армија, Гади Ајзенкот, и високи безбедносни службеници.

Додека трае состанокот на кој ќе бидат одлучени чекорите на Израел за тензиите во Газа, продолжуваат израелските напади врз Газа.

Во синоќешните напади на Израел врз Газа, досега животот го загубија 6 Палестинци, а 25-мина се ранети. Како реакција на израелските напади врз Газа, рекетите исфрлени врз Израел од страна на палестинските групи во Газа, животот го загуби едно лице, а повеќе од 50 лица се ранети.

Настанот кој беше предизвикан од издигнувањето на тензиите во Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада, се случи во неделата, кога група војници на специјалните единици, кои се дел од израелската Војска, со цивилно возило влегле во Газа. Израелските војници кои навлегле во длабочина од 3 километри на територијата на Газа биле забележани од страна на единиците на Хамас, по што дошло до вооружена пресметка во која животот го загубиле 7-мина Палестинци и еден израелски војник.

Еден ден по овој настан, палестинските групи за отпор, меѓу кои се наоѓале и претставници на Хамас и Исламски џихад, извршија ракетен напад врз Ираел, при што потешко беше ранет еден израелски војник. Палестинските групи изјавија дека ракетните напади се извршени како одговор на загинатите Палестинци во нападот изведен во неделата од страна на војниците на израелските специјални единици. Притоа, една ракета погоди автобус на израелската страна.

По овој настан, Израел започна воздушни напади на Газа, а палестинските групи на нападот одговорија со испалување ракети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın