свет

Како последица на топлотниот бран во Австралија умреа илјадници риби

Масовниот помор на рибите следува по рекордно високите температури минатата недела, кои достигнаа речиси 50 степени Целзиусови, по што следуваше нагло заладување

Islam Uddin  | 04.02.2026 - Обновена : 04.02.2026
Како последица на топлотниот бран во Австралија умреа илјадници риби

ИСТАНБУЛ (АА) – Продолжениот топлотен бран во крајниот западен дел на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предизвика помор на десетици илјади риби, јавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.

Најголем дел од умрените риби, пронајдени на брегот на езерото Менинде, во делот познат како Сансет Стрип, се од автохтониот видот коскена деверика (nematalosa erebi), како и одреден број крапови, објави австралиската телевизија „Еј-би-си њуз“.

Масовниот помор на рибите следува по рекордно високите температури минатата недела, кои достигнаа речиси 50 степени Целзиусови, по што следуваше нагло заладување.

Локалниот жител Дарин Клифтон ги забележал мртвите риби во понеделникот додека се подготвувал за риболов.

„Бев шокиран, но со оглед на високите температури, рибите од видот коскена деверика се првите што страдаат“, изјави тој.

Ренџерите на реката Баркандџи, кои ги следат состојбите во езерата, потврдија дека веќе се отстранети стотици мртви риби од блиските водотеци.

Надлежните институции соопштија дека екстремната топлина е главната причина за оваа состојба.

Австралија сè почесто ги чувствува последиците од климатските промени, со зголемени ризици од шумски пожари и екстремни временски појави кои ги загрозуваат животите, домовите, економијата и животната средина, се наведува во извештајот на Владата на Нов Јужен Велс.

Во најновиот извештај, Светскиот економски форум предупреди дека зголемувањето на нивото на морето до 2050 година би можело да загрози околу 1,5 милиони Австралијци, додека топлотните бранови, поплавите и пожарите ја ставаат целата земја под сериозен ризик.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.