Абас изрази благодарност до Турција и Саудиска Арабија за нивната поддршка на палестинската кауза
- Абас ги пофали „чесните и принципиелни ставови“ на Анкара и Ријад во почитувањето на меѓународното право и легитимитетот, како и во поддршката на „правото на палестинскиот народ на слобода и независност“
ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес изрази благодарност до Турција и Саудиска Арабија за нивната поддршка на палестинскиот народ, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено од палестинската новинска агенција Вафа, Абас ги пофали „чесните и принципиелни ставови“ на Анкара и Ријад во почитувањето на меѓународното право и легитимитетот, како и во поддршката на „правото на палестинскиот народ на слобода и независност“.
Абас го истакна заедничкото соопштение на двете земји во кое се нагласува потребата од воспоставување независна палестинска држава, со Источен Ерусалим како главен град, врз основа на границите од 1967 година, во согласност со меѓународното право, резолуциите на ОН и Арапската мировна иницијатива од 2002 година, истакнувајќи дека овој пристап ги поддржува легитимните национални права на палестинскиот народ.
Тој, исто така, го поздрави повторното нагласување од страна на Анкара и Ријад на значајната улога што ја има Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (UNRWA) во обезбедувањето основни услуги за палестинскиот народ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
