Şenhan Bolelli
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
МАДРИД
Италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ги критикуваше барањата на Германија и Франција за изборот на лицата за претседателски позиции во Европската Унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Салвини, во изјавата за медиумите дадена за време на неговата активност во областа Калабрија во Италија, нагласи:
„Важно е иднината на Европа да не се решава само на масите меѓу Берлин и Париз. Европската комисија на Германците, Централната банка на Французите! Во Европската Унија има 28 земји. Не разбирам зошто одлуката секогаш треба да помине од Берлин и Париз, од [германската канцеларка, Ангела] Меркел и [претседателот на Франција, Емануел] Макрон. Италија нема да поддржи решение кое ги задоволува само Французите и Германците, а ги дистанцира сите останати од масата.“
Од друга страна, италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој присуствуваше на Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, рече: „Би сакал претседателот на Европската комисија да биде жена.“