Şenhan Bolelli
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
МАДРИД (АА) - Владата на Шпанија, под образложение дека „активностите им задаваат сериозни загуби на интересите на државата“, започна со активности на легитимен начин да ги затвори претставништвата во странство кои се поврзани со каталонската автономна власт, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната адвокатска институција, во име на шпанската Влада, до Врховниот суд на правдата на Каталонија поднесе барање со кое се бара запирање на активните претставништва на Каталонија во Германија, Британија-Ирска и Швајцарија.
Барањето е поднесено со иницијатива на Министерството за надворешни работи, и во него се бара затворање на канцелариите на каталонските претставништва во странство - Берлин, Лондон и Женева, кои се поврзани со Владата на каталонската автономна област.
Во поднесеното барање се вели дека каталонските претставништва во странство се неуставни, и се истакнува дека тие ѝ нанесуваат сериозна штета на надворешната политика на Шпанија и на интересите на земјата.
По незаконскиот референдум за независност на Каталонија, одржан на 1 јануари 2017 година, со иницијатива на тогашната шпанска Влада, во октомври 2017 започна спроведуањето на 155. точка од Уставот, според која беа затворени претставништвата на Каталонија во САД, Франција и Италија.
Каталонската автономна Влада соопшти дека со одлуката донесена во јуни 2018 година, повторно ќе ги отвори претставништвата во Италија, САД, Франција, Швајцарија, Германија и Британија, на што реагираше шпанското Министерство за надворешни работи.
Каталонската власт, покрај тоа, започна со активности за отворање на странски претставништва во Австрија, Португалија, Шведска, Естонија, Хрватска, Либан, Мексико, Аргентина и Тунис.
- Каталонските сепаратисти демонстрираа пред Европскиот парламент
Од друга страна, за уште повеќе да се прочуе нивниот глас во Европа, каталонските сепаратистички групи организираа протест пред Европскиот парламент (ЕП).
На повик на невладините организации и политичките партии кои ја поддржуваат иницијативата за независност на Каталонија, во близина на зградата на ЕП во Стразбур се собраа илјадници Каталонци, критикувајќи го ставот на Шпанија и на Европската Унија и извикувајќи слогани за независност на Каталонија.
За учество на протестот, од различни градови во Каталонија тргнаа 72 автобуси, два чартер авиони полетаа од Барселона, а голем број лица со сопствени возила тргнаа кон Стразбур.
Покрај тоа, на првата генерална седница на ЕП што се одржа по изборите на 26 мај, на дневен ред било поставено прашањето за Каталонија.
На генералната седница на ЕП збор зел Метју Карти од партијата на Шин Фејн, парламентарниот претставник на Ирска, кој го критикувал Европскиот парламент што на генералната седница не присуствуваат уште тројца каталонски политичари кои биле избрани на последните избори за ЕП.
Карти во своето обраќање ја покажал фотографијата на поранешниот премиер на каталонската автономна Влада, Карлес Пуџдемон, истакнувајќи дека неучеството на каталонските политичари на Генералното собрание на ЕП претставува „напад врз демократијата“ и побарал образложение од Антонио Тајани, претседателот на ЕП, но Тајани не дал никаков одговор.