Selen Temizer
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК, со Акциониот план за нерегрутирање деца кој го потпиша со Обединетите нации (ОН), го призна военото злосторство кое го извршила, јавува Anadolu Agency (AA).
Откриено е дека терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи името СДГ, вчера во канцеларијата на ОН во Женева потпишала Акционен план за нерегрутирање деца со Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на ОН за деца и вооружени конфликти.
ЈПГ/ПКК, за која се знае дека веќе долго време регрутира деца на возраст од 11 до 16 години, со овој скандалозен договор за првпат ја призна оваа ситуација.
Ова прашање кое неколкупати беше актуализирано од страна на меѓународните организации за човекови права, исто така беше документирано од страна на Anadolu Agency (AA).
AA ги пренесе фотографиите на децата борци кои беа откриени во фотоапаратите запленети во засолништата на терористите неутрализирани во Африн за време на операцијата „Маслинова гранка“.
Исто така, АА го сними кампот за обука во подрачјето на Хаџихасанли во Африн, каде што децата биле обучени од страна на ЈПГ/ПКК. Овој камп на 22 март во 2018 година беше уништен во рамки на операцијата „Маслинова гранка“. Беше откриено дека овој камп бил центар за обучување на децата борци на возраст од 13 до 17 години.
На 22 октомври во 2018 година беше откриено дека 17-годишниот Јасемин Ариф, кој на 14-годишна возраст бил присилно регрутиран од страна на ЈПГ/ПКК, го загубил својот живот за време на судирите во Деир ез-Зор.
- Воено злосторство
Женевските конвенции во врска со заштитата на цивилите за време на војна во 1949 година, забранува децата да се користат како војници.
Прашањето за „децата борци“ во овие конвенции се третира во рамки на специјална заштита на лицата помлади од 15 години.
Со Женевската конвенција е строго забрането регрутирање деца во војска и носење на воени боишта.
Ова злосторство извршено од страна на оваа организација која со децата се обидува да го пополни недостигот на своите припадници кои ги загубила, често е тема на дискусија кај меѓународните организации за човекови права.
Според ОН, ЈПГ/ПКК во 2017 година регрутирала најмалку 224 деца, меѓу кои 72 девојчиња, во таканаречени кампови за обука, додека оваа бројка во 2018 година се зголеми за петпати.
ЈПГ/ПКК, присилувајќи или заведувајќи ги семејствата кои имаат финансиски проблеми, ги разделува нив од нивните деца, додека децата на возраст од 11 до 16 години ги праќа во камповите за обука, а потоа не им дозволува ниту да се сретнуваат со нивните семејства.