Ekipa
22 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
МИЛАНО (АА) - Италијанските пожарникари го извлекоа и третиот брат од урнатините на нивната куќа, разрушена во земјотресот со јачина од четири степени според Рихтер на туристичкиот остров Искја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пожарникарите копаа со голи раце за да го ослободат Чиро, најстариот од тројцата браќа, два часа откако го извлекоа Матијас, средниот брат, и осум часа по спасувањето на седуммесечниот Пасквале.
Пожарникарите конечниот успех го објавија на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) при што напишаа:
„Дури и Чиро е спасен“.
Властите не ја потврдија возраста на Чиро и Матијас. Таткото на децата е спасен претходно, а мајката уривањето на куќата го преживеала така што скокнала низ прозорецот.
Најмалку две деца загинаа во земјотресот што синоќа го погоди островот во екот на туристичката сезона. Во потресот се повредени 39 лица, а повеќе од 2.600 остана без покрив над глава.