Haydar Hadi
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили за првпат од терористичката организација ДЕАШ го ослободија подрачјето на Тал Афар, во кој живее туркменско население, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на специјалните единици при ирачката војска, Абдулемир Мухамед, за АА изјави дека специјалните единици ја ослободиле населбата Кифах ел-Шимали, во западниот дел на Тал Афар, од терористичката организација.
Според неговите зборови, и покрај интензивните судири со коишто се соочуваат припадниците на безбедносните сили, тие успеале да ја скршат линијата на одбрана на ДЕАШ и да воспостават контрола врз населбата.
Генерал-полковникот кој ги води акциите во Тал Афар, Абдулемир Јарула, соопшти дека силите на 16. бригада ја зазеле и нафтената рафинерија Кеск.
Јарула изјави дека ирачките сили ги зазеле и селата Taштије и Тел ел-Симен.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, во неделата соопшти дека е започната акција за ослободување на Тал Афар од ДЕАШ.