Ali H. M.Abo Rezeg
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките сили ослободија 65 проценти од западниот дел на Мосул, од страна на припадниците на терористичката организација ДЕАШ, изјави портпаролот на ирачката армија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите сили ја повратија контролата над 65 проценти од западниот дел на Мосул и во моментот се борат во четири населби, во внатрешноста на градот“, потврди за АА бригадниот генерал Јахја Расул.
Претходно полицијата соопшти дека ирачките сили окупирале две населби во централниот дел на западен Мосул, по крвавите судири со припадниците на ДЕАШ.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул.
По тримесечни операции, здружените ирачки сили поддржани од меѓународната коалиција, во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19. февруари започнаа операција и ослободување на центарот на градот, којшто се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Операциите се во тек во кои ирачките сили бележат напредок, но најголем проблем во ослободувањето на градот претставуваат цивилите, кои терористите ги користат како жив штит.