Haydar Hadi
04 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Во текот на денот започнати се опсежни координирани акции со цел ослободување на северозападниот дел на ирачкиот град Мосул од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на Здружената оперативна команда за Мосул, генерал Абдулемир Јарула, во писмено соопштение наведе дека ирачката војска и припадниците на специјалните единици на полицијата влегле во Мишрефе, Кенис и Хармат, подрачја на северозападен Мосул.
Вториот по големина ирачки град Мосул беше заземен од припадниците на терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година. Ирачките сили во ноември 2016 година го ослободија источниот дел на градот, а на 19 февруари оваа година започна операцијата за ослободување на западниот дел на градот.