Mustafa Melih Ahıshalı
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранската Армија соопшти дека во инцидентот што се случил вчера за време на поморската вежба загинало најмалку едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на областа Бендер Абас 1, поврзана со Командата на иранската морнарица, се истакнува: „За време на поморската вежба што се одржа вчера, најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во инцидентот што се случи во фрегатата што го поддржува воениот брод „Конарек“. Истрагата за инцидентот продолжува.“
Во изјавата не се дадени информации за деталите за инцидентот.
Иранските медиуми објавија дека иранската морнарица по грешка стрелала во сопствен воен брод за време на вежбата во Персискиот Залив, а во инцидентот загинале десетици луѓе.