Zeynep Özbay
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Во градот Белфортна на истокот од Франција, загина едно лице во расправија која настанала по одиграниот натпревар од полуфиналето на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2016 во Марсеј меѓу репрезентациите на Германија и Фрнција, јавува Anadolu Agency (AA).
Телевизикиот канал BFM соопшти дека полицијата привела двајца осомничени кои се поврзуваат со настанот. Француски телевизиски канал поставил џиновски екран, во чија близина по завршувањето на фудбалскиот натпревар се случила расправија во која бил тешко повреден 60-годишен маж. Повредениот бил префрлен во болница, во која лекарите и покрај укажаната помош, не успеале да го спасат.
Градот Белфорт се наоѓа на истокот од Фрнција, близу границата со Германија.