Burcu Arik
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
АМАН (АА) - Двајца Јорданци се убиени, а еден Израелец е повреден во инцидентот што вчера се случи во зградата на израелската амбасада во Аман, соопшти денес полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државјани на Јордан влегоа во зградата на амбасадата, по што едниот со нож нападна и повреди службеник на израелската амбасада. Чуварите интервенираа и со истрели од огнено оружје го убија напаѓачот.
Јорданската агенција за безбедност наведува дека првобитно се ранети три лица, а двајца Јорданци, во меѓувреме им подлегнале на повредите.
Претходно, властите објавија дека еден Јорданец е убиен, а еден Израелец се здоби со сериозни повреди.
Ранетиот Израелец е животно загрозен, а јорданските безбедносни сили ја блокираа населбата во Аман во којашто се наоѓа израелската амбасада. Во тек е истрагата за случајот.