Ramazan Turgut
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ЏЕДА (АА) - Саудиска Арабија синоќа по полноќ го овозможи пристапот до интернет-страниците од Катар, меѓу кои се и порталите на телевизиските канали „Al Jazeera“ (Ал Џезира) „beIN Sports“ (беИН Спортс), јавува Anadolu Agency (AA).
По кризата што настана меѓу Катар и некои арапски земји во мај, во овие земји беше забранет пристапот до катарските интернет-страници. Во врска со повторното отворање на интернет-страниците од Катар, официјалните претставници не дадоа никаква изјава.
Само Сууд ал-Кахтани, член на кралскиот двор на Саудиска Арабија, утрово од сопствениот профил на социјалните мрежи напиша дека пристапот до интернет-страниците од Катар, меѓу кои и на медиумот „Al Jazeera“, се должи на технички проблем, и во текот на неколку часа проблемот ќе биде решен и повторно ќе биде забранет пристапот до овие интернет-страници.
По кризата што настана меѓу Катар и некои арапски земји од Заливот, на 5 јуни раководствата на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи со Катар.
Блокадата што врз Катар ја спроведуваат овие четири земји ќе биде отстранета доколку раководството од Доха ги исполни 13 точки од барањата што му се наложени на Катар, меѓу кои и „да се затвори турската воена база во Катар, прекин на односите со Иран и затворање на телевизискиот канал 'Al Jazeera'“. Раководството од Катар соопшти дека поставениот услов е во спротивност со меѓународното право и оти нема да прифатат ниту едно од барањата.