ЕРУСАЛИМ (АА) – Одлучноста на палестинскиот народ, кој веќе една недела дава отпор, ја примора израелската влада уште еднаш да ја разгледа „одлуката за поставување на детектори за метал пред вратите на Ал Акса”, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува растот на напнатоста во Ерусалим поради поставените детектори за метал пред вратите на Ал Акса. Муслиманската популација не сака да му дозволи на Израел да воспостави суверенитет врз Ал Акса и одбива да помине низ детекторите.
Палестинците кои реагираа на уредите за детектирање метал, една недела своите молитви ги изведуваат пред вратите на џамијата Ал Акса. Муслиманската популација која е жртва на постојаните насилни активности од страна на израелските полициски сили, секојдневно ја зголемува својата бројност и се собира пред вратите на Ал Акса.
- Интервенција на полицијата пред Ал Акса: Убиен 1, ранети 57 Палестинци
Во судирите кои траеја со часови во повеќе места од Ерусалим, животот го загуби едно лице, а повредени се 57 лица. Тензиите кои настанаа меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили не се случуваа само во границите на Источен Ерусалим. Во сите градови на Западниот Брег, Палестинците излегоа против израелските безбедносни сили во заштита на Ал Акса.
Оваа одлучна борба на палестинскиот народ, ги мобилизираше палестинската влада и меѓународната заедница. Претседателот Махмуд Абас соопшти дека Палестина ги прекинува сите свои врски со Израел и ја истакна одлучноста на Палестина во својата борба се додека не бидат отстранети детекорите за метал пред вратите на Ал Акса.
Се очекува Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во понеделник да одржи итен состанок со цел да се намалат тензиите во Ерусалим. Состанокот ќе се одржи на барање на Шведска, Франција и Египет, што на социјалните мрежи го потврди и постојаниот претставник на Шведска во Советот за безбедностна ОН.
Цел на состанокот е изнаоѓање решение за ситуацијата во Ерусалим. Кризата ескалираше во петокот, минатата недела кога израелските полицајци уби тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, што предизвика општ метеж во кој беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци, кои починаа на пат кон билница. Израелската полиција по овој настан нареди затворање на комплексот Ал Акса.
Отпорот кој го прикажа палестинскиот народ, предизвика загриженост кај израелските безбедносни сили. Израелската армија и разузнавачка служба ѝ предложија на владата да ги отстрани овие уреди и да ја намали тензијата.
Локалното палестинско муслиманско население минатата недела не беше во можност да влезе во комплексот Ал Акса од петокот до понеделникот, а израелските безбедносни сили минатата недела пред влезовите во комплексот постави дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Локалните Палестинци протестираа поради поставените уреди и одбија да влезат во комплексот, а своја верска обврска ја извршуваат пред влезот на џамијата Ал Акса.
- Вистински владател со Ал Акса е народот на Еусалим
Додека се случуваа сите овие настани, во израелскиот печат почнаа да се појавуваат написи како што е написот „Народот на Ерусалим, на Израел му покажа кој е вистинскиот владател со Ал Акса”.
Израелската влада, која во првите написи наведуваше дека во никој случај детекторите за метал нема да бидат отстранети, сега е приморена уште еднаш да ја разгледа таа одлука. Неочекуваниот одлучен отпор со кој се сретна израелската влада, не сака да го загуби својот углед правејќи чекор наназад и затоа се обидува да се спаси од настанатата ситуација, со изнаоѓање на алтернативно решение.
Генерал Јоав Модечаи, командантот на израелските сили на Западниот Брег кој е под окупација на Израел, вчера за локалните медиуми изјави: „Подготвени сме да ги отстранети детекторите и да разговараме за алтернативни решенија”. Генерал Модечаи кој зборуваше за телевизискиот канал Ал Џезира замоли „да запре насилството на улиците”.
- Тврдење дека детекторите ќе бидат отстранети
Според веста објавена на израелскиот телевизиски Канал 2, по настанатите тензии кои се случија пред вратите на комплексот Ал Акса поради поставените детектори за метал, израелските безбедносни сили донеле одлука вечерва да се започне со нивно отстранување.
Во веста се вели дека наместо нив, безбедносните сили пред вратите на Ал Акса ќе користат рачни детектори, за што своја поддршка дале шефот на полицијата на Ерусалим Јорам Ха-Леви и градоначалникот на градот Нир Берекат.
Од друга страна, последните настани во Ерусалим се причина за мини состанок на кабинетот на владата. Сѐ уште нема таква потврда од израелските власти, но самото објавување на ваквата вест покажува дека Нетанјаху на еден начин размислува да направи чекор наназад.
На денешниот состанок израелските министри би требало одново да го разгледаат ова прашање, по што се очекува да се објави донесената одлука.
- Израелската левица е нема на одлуката на Нетанја за Ал Акса
Од друга страна, додека поголемиот дел од десноориентираните израелски политичари на Израел ја поддржаа одлуката на Нетанјаху да постави детектори пред вратите на Ал Акса, левицата одлучи да остане нема на таа одлука.
Некои Израелци се против ваквата одлука на Нетанјаху, не затоа што сметаат дека Ал Акса им припаѓа на муслиманите, туку се против поставувањето на овие детектори кои предизвикаа реакции кај сите Палестинци, затоа што сметаат дека раакцијата е избрзана, ненавремена и може само да му наштети на Израел.
Главната израелска опозициска партија која е левоориентирана, по ова прашање не даде никаква официјална изјава дали е за или против поставувањето на детекторите. За разлика од нив, поголем број десноориентирани политичари на Нетанјаху му предлагаат да ги отстрани детекторите за метал.
Академикот Мордечаи Кедар од катедрата за безбедност и арапско општество при Универзитетот Бар Илан кој е десноориентиран, за АА изјави: „Нетанјаху и сите останати треба добро да знаат дека доколку се предадеме, тоа ќе биде окарактеризирано победа на непријателите на Израел и насилството ќе биде поттикнато”.
- Нетанјаху сака да ја прекрие својата корупција
Новинарот Одех Бишара од израелскиот весник „Haaretz" смета дека Нетанјаху, кој се наоѓа во тешка ситуација, се обидува да се спаси од неа и намерно ја подига тензијата во земјата.
Бишара, кој е арап со израелско државјанство вели: „ Нетанјаху претходно многу повнимателно се однесуваше, но овојпат сака работата да ја спроведе докрај. Според мене, основна причина за тоа е судскиот процес за корупција против него. Тој е во тешка ситуација наспроти израелските закони. Се обидува да ги надмине со генерирање тензии во Ерусалим. Нетанјаху сака преку проблемот за безбедноста на, да предизвика тензии во земјата и да си обезбеди можност да биде заборавен неговиот проблем околу корупцијата”.
Бишара истакнува дека Нетанјаху не ги земал предвиз извештајите на војската и разузнавачката служба, истакнувајќи дека на тој начин е направен многу опасен чекор.
Бишара рече: „Настаните се движат кон многу опасен правец и за последиците е одговрен само Нетанјаху. Нетанјаху ги занемарува и односите на Ираел со другите земји. На тој начин Израел во уште поголема мерка ќе биде изолирана од останатиот свет. Освен тоа, според меѓународното право, не можете да госмените статусот на територијата која е под окупација, а Израел тоа право го прекршува, а Палестинците се бунат против тие прекршувања. Луѓето имаат право слободно да се молат во верските објекти”.
Во сенка на овие недоразбирања е состанокот на израелскиот кабинет, на кој се очекува да биде донесено решение во врска со детекторите пред вратите на Ал Акса.
news_share_descriptionsubscription_contact
