Satuk Buğra Kutlugün
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Регионалната курдска управа, Месуд Барзани, побара претседателските избори во северен Ирак да се одржат еден месец порано, односно на 1 ноември, наместо на 7 декември, пренесува Anadolu Agency (AA).
Високиот помошник на Барзани, Хемин Хаврами, во саботата вечер објави дека сегашниот претседател на Регионалната курдска управа одбил какви било измени.
„Претседателот Барзани ги свика парламентарните/претседателските избори планирани за 7 декември, да се одржат на 1 ноември“.
„Претседателот Барзани одби какви било измени и дополнувања. Тој испрати писмо до Собранието. Парламентот ќе се состане утре“истакна Хаврами.
Во средата, Регионалната курдска управа - стравувајќи од поголема воена ескалација од Багдад - понуди да ги „одложи“ резултатите од нелегитимниот референдум одржан минатиот месец, да ги запре сите воени активности и да влезе во дијалог со централната влада.
Тензиите постепено растеа меѓу Багдад и Регионалната курдска управа од 25 септември, кога Ирачаните во подрачјата под регионалната управа, и во неколку спорни области, вклучувајќи го и Киркук, гласаа за тоа дали да се прогласи политичка независност или не.
Неуставниот референдум беше остро критикуван од страна на регионалните и меѓународни фактори, со предупредување дека ќе го одвлече вниманието од ирачката борба против тероризмот и дополнително ќе го дестабилизира регионот.
Во понеделникот, ирачките сили го презедоа Киркук од курдските елементи. Операцијата се случи неколку недели по нелегитимниот референдум за независност на територијата контролирана од Регионалната курдска управа со седиште во Ербил.
Киркук беше меѓу територијата запленета од курдските сили кога ирачката војска го напушти градот во пресрет на напредокот на ДЕАШ во 2015 година, но не е во границите на автономната територија на Регионалната курдска управа.