Zehra Aydın
29 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин разговараа за билатералните односи на двете земји и за регионалните прашања и ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата лидери вечерва во телефонскиот разговор разменија мислења за ситуацијата во Сирија и соработката на Турција и Русија во врска со проектите на изградба на нуклеарна централа Акују и плиноводот Турски тек.
Ердоган и Путин разговараа и за мировните преговори за Сирија кои ќе бидат продолжени кон крајот на месецот во казахстанска Астана.
Во текот на разговорите е нагласена важноста на заедничкото делување во врска со имплементацијата на примирјето и одржување на зоната на деескалација во Сирија во Сирија со акцент на Идлиб.
Путин на Ердоган му го честиташе Денот на Републиката, празник кој денеска со низа манифестации ќе биде одбележан во Турција.