İdiris Okuduci
29 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Ирачкото Министерство за нафта соопшти дека производството на нафта во едно нафтено поле на југот од земјата е привремено прекинато поради антивладините демонстрации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за нафта, Асим Џихад, во писменото соопштение истакна дека во градот Насиријах привремено е запрено производството на нафта затоа што една група демонстранти активно протестирале пред нафтеното поле и ги спречувале вработените да пристапат на нивните работни места.
Џихад, истакнувајќи дека протестите се одржуваат поради „барање за назначување“, рече дека од нафтеното поле дневно се вадат 80 илјади барели сурова нафта.
Осврнувајќи се на недостигот на нафта поради привремениот прекин на производството во Насирије, Џихад рече дека нафтата ќе биде донесена од нафтените полиња во провинцијата Басра.
За прв пат од 1 октомври, кога започнаа демонстрациите во Ирак, дадена е официјална изјава дека производството на нафта е прекинато. Деведесет проценти од приходот на земјата е поврзан со производството на нафта.
Антивладините демонстранти вчера се собраа пред нафтеното поле во Насирије, во центарот на провинцијата Зикар. Демонстрантите ги блокираа главните патишта во областа.
- Протести во Ирак
Во Ирак се одржуваат масовни протести од почетокот на октомври. „Досега се убиени најмалку 460 Ирачани, а 19.000 се повредени“, соопшти претходно Високиот комесаријат за човекови права на Ирак.
За време на демонстрациите, 2.700 активисти беа приведени и ослободени, додека судбината на 56 демонстранти од вкупно 68 киднапирани демонстранти не е позната.
Премиерот на Ирак, Адил Абдулмехди, мораше да си даде оставка на 29 ноември поради антивладините демонстрации.